biznisvesti.mk
портал
- Website
- biznisvesti.mk · all feeds from this site
- Feed URL
https://www.biznisvesti.mk/feed/
Read it in your FeedListing reader
Or add to: Feedly Inoreader Raw feed
Latest posts
-
Европската комесарка за проширување денеска ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година, во кој се содржани извештаите на Европската комисија за десет земји-кандидати за членство во Европската Унија. Пакетот, во кој Европската комисија ќе го оцени…
-
Победата на демократите ги потресе светските берзи
По американските индекси на фјучерси, цените на акциите паднаа и на азиските берзи, главно под влијание на падот на цените на акциите поврзани со вештачката интелигенција, откако изборните проекции покажаа дека демократите освоија мнозинство во двата дома на Конгресот на…
-
Настан во Собранието – „Новинарство во акција учиме за демократија“
Во Собранието денеска ќе се одржи настанот „Новинарство во акција учиме за демократија“, наменет за ученици во основните училишта. Како што информираат од собранисиката прес-служба, на настанот ќе се обратат претседателот на Собранието, Африм Гаши и амбасадорот или…
-
Амандманска расправа за Предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска ќе одржи амандманска расправа за Предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање. За Предлог-законот поднесен е еден…
-
Европа излегува на улици – Тридневни протести планирани во седум земји поради високите трошоци за живот и вооружувањето
Европа ја очекува тридневен бран протести што ќе се одржат истовремено во седум земји со барања за ограничување на цените на становите и кириите, зголемување на платите и пензиите и запирање на брзото вооружување на европските земји. Дополнителни барања вклучуваат контрола на…
-
Промоција на Националната стратегија за безбедност во сообраќајот на патиштата 2026 – 2030
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денеска ќе ја промовира Националната стратегија за безбедност во сообраќајот на патиштата 2026 – 2030. На промоцијата ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска. На настанот ќе бидат…
-
Иран соопшти за четири уништени танкери од морски мини во близина на Ормуската Теснина
Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека четири нафтени танкери биле уништени откако налетале на морски мини при обид да поминат по забранета маршрута јужно од стратешки важната Ормуска Теснина. Според соопштението на гардата, танкерите сè уште се во пламен. Во…
-
Републиканците ја изгубија контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот на САД, Трамп: Ќе работиме со демократите
Републиканците на американскиот претседател Доналд Трамп ја изгубија контролата и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот, според проекциите на американските телевизиски мрежи. Се очекува демократите да обезбедат мнозинство во 100-члениот Сенат, вклучувајќи и двајца независни…
-
Стопанската комора денеска го претставува RALF AI – нов дигитален консултант базиран на вештачка интелигенција
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, заедно со Горан Рафајловски и Стефан Рафајловски, ќе го претстават и официјално ќе го пуштат во употреба RALF AI – нов дигитален консултант кој функционира со помош на вештачка интелигенција. Новото…
-
Нафтата по силниот пад повторно нестабилна: Брент се движи околу 103 долари за барел
Цените на нафтата на светските пазари денеска, 3 ноември 2026 година, продолжуваат со нестабилните движења, по остриот пад забележан во претходната сесија. Главните причини се дипломатските сигнали за можни преговори меѓу САД и Иран, но и стравувањата дека воениот конфликт на…
-
Светските берзи поделенo: технолошките акции во пад, европските пазари со мешани резултати
Светските берзи денеска, 3 ноември 2026 година, се движат во различни насоки. Инвеститорите се претпазливи поради притисокот врз технолошкиот сектор, неизвесноста околу американските избори за Конгресот и геополитичките случувања на Блискиот Исток. Најголем притисок се…
-
Златото повторно под притисок: по вчерашниот раст, цената денеска повторно се намалува
Цената на златото денеска, 3 ноември 2026 година, повторно бележи пад, по силното закрепнување во текот на вчерашниот ден. Благородниот метал се движи во нестабилен период, а инвеститорите внимателно ги следат сигналите од американската економија, движењето на доларот и…
-
Криптопазарот под притисок: биткоинот и етериумот бележат пад, инвеститорите се повнимателни
Криптовалутниот пазар денеска, 3 ноември 2026 година, бележи негативни движења, по краткиот период на закрепнување во претходните два дена. Најголемите криптовалути повторно се соочуваат со притисок, а расположението меѓу инвеститорите укажува на зголемена претпазливост. Според…
-
Аутомакедонија со раст на консолидираната добивка од 15,4 отсто во првите девет месеци
Аутомакедонија АД Скопје остварила консолидирана нето-добивка од 20,9 милиони денари во периодот од јануари до септември 2026 година, што претставува раст од 15,4 проценти во споредба со истиот период минатата година. Подобрениот финансиски резултат е поврзан со зголемувањето на…
-
Николоски-Вуст: Се отвораат можности за нови германски инвестиции во Македонија
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во рамки на посетата на Германија, остварил работна средба со Хендрик Вуст, премиер на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. На средбата, како што информира Николоски преку објава, во фокусот на…
-
Започнува трката за прв човек на Европската централна банка, веќе има неколку фаворити
Членките на еврозоната имаат рок до петок да предложат кандидат кој ќе ја наследи Кристин Лагард на чело на Европската централна банка (ЕЦБ), за министрите за финансии веќе во следниот понеделник да ги разгледаат номинациите, изјави денеска портпарол на Еврогрупата за „Евроњуз“.…
-
МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
Владата денеска на седница го усвои Дополнетиот предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година во кој се вградени одредени реалокации. Дополнетиот предлог се усвојува по завршување на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе се достави во…
-
Над 94% од броилата редовно се читаат, се подготвува воведување на паметни броила
Од почеток на годинава до сега над 94 % од броилата биле отчитани, велат податоците од Електродистрибуција. Останатите 6% кои се читаат периодично, се броила сместени во викендички, оддалечени места или затворени внатре во објекти кои не се користат секојдневно. Податоците на…
-
Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД. Вкупната инвестиција и…
-
Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар – во фокусот младите, развојот на спортот и културата
По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски ги прими делегациите од Србија и Босна и Херцеговина, предводени од градоначалникот на општина Стари Град Белград, Радослав Марјановиќ, како и градоначалникот на општина Центар Сараево, Срѓан…