А1он
Последни вести од регионот и светот
- Website
- a1on.mk · all feeds from this site
- Feed URL
https://a1on.mk/feed/
Read it in your FeedListing reader
Or add to: Feedly Inoreader Raw feed
Latest posts
-
Рама: Србија останува затворена за признавањето на Косово
Албанскиот премиер Еди Рама, коментирајќи ги политичките случувања во Србија и европската перспектива на Западен Балкан, изјави дека Србија останува затворена за признавањето на Косово. Рама учествуваше на „Самитот на Еуроњуз за проширувањето“ во Брисел – форум на високо ниво…
-
(ВИДЕО) Фудбалер (30) го загуби животот по судир со голман
Смртта на шпанскиот фудбалер Хесус де Мигел (30), кој почина по тежок судир со голманот за време на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора, ја потресе фудбалската јавност. Напаѓачот на Тенерифе изгуби свест по силен удар во градите, а и покрај напорите на лекарите, почина откако…
-
Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби
Нов бран дојави за поставени експлозивни направи денеска беа испратени до повеќе институции во Бугарија, а закана беше упатена и кон патнички авион што сообраќаше од италијанскиот град Бергамо и принудно слета на аеродромот „Васил Левски“ во Софија – соопшти во Перник вршителот…
-
МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
Владата денеска на седница го усвои Дополнетиот предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година во кој се вградени одредени реалокации. Дополнетиот предлог се усвојува по завршување на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе се достави во…
-
Сиљановска-Давкова: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински – македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел учествуваше на Самитот за проширувањето на Европската Унија, во организација на „Euronews“. Сиљановска-Давкова потсети на мислењето на Бадинтеровата комисија од 1992 година, со кое беше утврдено дека Словенија и…
-
(ВИДЕО) Драматична хуманитарна криза во Јемен: Недостиг од храна, вода и лекови, болниците без гориво
Шефот за хуманитарни прашања на Обединетите нации, Том Флечер, изјави дека цивилите во Јемен плаќаат сурова цена за конфликтот во земјата, каде што ескалацијата на борбите принуди речиси 300.000 луѓе да ги напуштат своите домови, додека клучните градови останаа без основни…
-
Апелација го ослободи Бојан Јовановски во случајот „Меѓународен сојуз“
Апелациониот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“, соопшти неговиот адвокат Сашо Дуковски преку објава на социјалните мрежи. Со одлуката, како што наведува Дуковски, Апелациониот суд ја преиначи…
-
Вештак на судењето за „Пулс“: Документацијата за дискотеката била делумна и немала правна важност
Со сослушување вешто лице предложено од одбраната на обвинетата Милка Едровска, инженерка од фирмата „Венци Проект“, чија документација првообвинетиот Дејан Јованов ја користел за решенија и лиценци, денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје…
-
Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години
Дете почина од морбили во американската сојузна држава Њујорк, што претставува прв смртен случај од оваа исклучително заразна болест во оваа сојузна држава во последните 30 години, соопшти гувернерката Кети Хокул. Детето починало во округот Луис откако се заразило со морбили,…
-
Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД. Вкупната инвестиција и…
-
Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија
Во тек е сериозна борба околу правото да се дефинираат принципите врз кои ќе се заснова светскиот поредок, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Војната што Западот ја води против Русија, користејќи ја Украина како свое орудие, стави крај на евроатлантизмот…
-
(ВИДЕО) Серија закани за поставени бомби во авиони
Серија закани за поставени бомби предизвикаа вознемиреност во европскиот воздушен простор, откако два авиона извршија принудно слетување во Варшава, еден во Мурсија, а уште еден – кој доаѓаше од Израел – слета во Софија. ✈️🚨 Salida de la tripulación y los pasajeros del avión con…
-
Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“
Претседателот Володимир Зеленски го повика Вашингтон да го зголеми притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин – наместо врз Украина – додека руската инвазија продолжува. Во интервју за американскиот медиум PBS, тој го опиша својот однос со американскиот претседател Доналд…
-
Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите
Вкупните одливи на средства од „АЛТА банка“ АД Битола кон Србија по 26 октомври изнесуваат околу 180.000 евра, додека приливите од Србија во земјава во истиот период изнесуваат околу 16.000 евра. Станува збор за редовни трансакции на клиентите на Банката поврзани со нивното…
-
(ВИДЕО) Судир меѓу граѓани и Националната гарда во Киев: Демонстранти сакаа да влезат наводен таен воен затвор
Во украинското село Петропавливска Боршчахивка, во предградието на Киев, дојде до судир откако цивили се собраа пред објект во кој се сместени припадници на Националната гарда на Украина. Според Првиот корпус „Азов“ на Националната гарда, собирот се случил откако се прошириле…
-
Обвинителството го оспори вештачењето за „Пулс“: Русески не ги исполнува стручните и методолошките стандарди
Јавното обвинителство на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани истакна сериозни забелешки на трите вештачења и на директното и на вкрстеното сослушување на градежниот вештак Петре Русески, кој го има изработено градежното вештачење за првообвинетиот Дејан…
-
Хаџи – Василева: Правните мислења на одбраната во случајот Ристов немаат доказна вредност
Јавната обвинителка Искра Хаџи Василева денеска по рочиштето за случајот против судијата Ѓоко Ристов оцени дека правните мислења приложени од одбраната немаат доказна вредност и не можат да влијаат врз одлуката на судот. По презентираните материјални докази на одбраната, меѓу…
-
Шилегов бара преиспитување на обвинението за „Пулс“, родителите реагираат: Не може да се споредуваат различни случаи
Бранителот на обвинетиот Шофкет Хазари, адвокатот Петре Шилегов на почетокот на денешното рочиште на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повика Јавното обвинителство да земе предвид две неодамнешни одлуки на Врховен суд во кои, како што рече, недокажувањето на…
-
(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски
СДСМ поднесе интерпелација за поранешниот вицепремиер, сега министер за локална самоуправа во владата на Мицкоски – Иван Стоилковиќ. Време е за политичка одговорност на еден од извршителите на Вучиќ, на кинеските и руски агенди, за ширењето омраза и величењето воени злосторници.…
-
Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен
Авион што леташе од Лондон кон Варшава денес изврши вонредно слетување на аеродромот „Варшава-Модлин“, откако е пријавено наводно поставена експлозивна направа во леталото. Поради тоа, аеродромот е затворен, соопштија претставници на аеродромот. – Авионот слета во Модлин во…